Опожарена спортска обложувалница во Бутел – од пожарот бил зафатен и соседниот објект

122

Од МВР информираат дека денеска (02.08.2024) во 02.24 часот и во 03.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бутел биле опожарени два објекта на спортска обложувалница, а во едниот случај од пожарот бил зафатен и соседен објект.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исто така денеска (02.08.2024) во 02.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба бил опожарен објект на спортска обложувалница.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.