Министерот за здравство Арбен Таравари,првиот работен ден го помина на терен во посета на хируршките сали кои се дел од Клиничкиот центар, со цел да се запознае со актуелната ситуација и дисфункционланоста на салите.Таравари информира дека разговарал со сите директори и со директорот на општите служби, пруи што констатирал дека во некои сали немало никаков мирис, а во некои како на абдоминална хирургија се чувствува одреден мирис.
–Препораката е од анестезиолозите, салите да не функционираат со централниот компресивниот систем – рече Таравари и дополни дека чека извештај од испитувањата што се направени, за што побрзо да се реши проблемот.
Таравари кажа дека до петок ќе се знае дали ќе се оди на менување на системот комплетно или ќе може да се поправи постоечкиот.
Тој исто така потврди дека операциите се редуцирани. Според него новата станица би чинела околу половина милион евра, а Клиниките се договорија сами да ја набават, но за тоа ќе треба да се почека до Нова година, затоа што се потребни шест месеци да се набави и постави новата станица.