ОПЕК повторно ја намали прогнозата за раст на побарувачката на нафта

17

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), во својот најнов ноемвриски месечен извештај објавен вчера, повторно ја намали прогнозата за раст на глобалната побарувачка на нафта оваа и следната година.

Како што е наведено, ОПЕК ја ревидирал надолу својата прогноза за побарувачката на нафта, четврти пат по ред, пренесува „Независне новине“.

Нафтениот картел сега очекува глобалната побарувачка на нафта да се зголеми за 1,82 милиони барели дневно оваа година, што е помалку од октомвриската проценка за раст на побарувачката од 1,93 милиони барели дневно.

Ревидираниот раст на светската побарувачка е првенствено последица на послабата побарувачка за енергенси во Кина, но и во Индија и на другите азиски и африкански пазари.

ИЗДВОЕНИ