Омиленото традиционално јадење во нова верзија: Проја без бело брашно – вкусот е извонреден!

3760

Сите сакаме мека проја, а сега можеме да ја направиме и без бело брашно.
Сите знаеме дека пројата е традиционално јадење кое се прави од пченкарно брашно и најчесто се служи како прилог на разни јадења, но и сама со кисело млеко, павлака или ајвар.

За многумина, пројата е едно од најомилените јадења во нашата кујна.

Најдоброто е што ова јадење е многу економично бидејќи сигурно веќе ги имате сите состојки дома. Многу брзо се прави, па затоа е одлично кога имате неочекувани гости или ако сакате да имате фин појадок наутро.

Состојки:
4 јајца
10 лажици пченкарно брашно
1 кесичка прашок за пециво
200 милилитри јогурт
200 грама фета сирење
100 милилитри масло
сол по вкус

Подготовка:
Изматете ги белките додека не се стегнат, а потоа додадете ги жолчките, маслото и јогуртот. Потоа постепено сипете го пченкарното брашно претходно измешано со прашокот за пециво, со постојано мешање.

Кога ќе добиете хомогена смеса, истурете ја во сад за печење, претходно подмачкан или обложен со хартија за печење. Се пече во рерна загреана на 220 степени додека не порумени.

Смесата можете да ја прелиете и во калапи за мафини, тоа е прашање на вкус.