Оливер Млакар, легендарниот Квиско, го прослави својот 89. роденден со бистар ум и весел карактер

8634

Нека е само за убавo!

Честопати доаѓаше и кај нас, во Македонија, водејќи најразлични настани. Последен пат беше во Македонија пред помалку од десет години, кога на Матка ја водеше манифестацијата за добра храна, вино и музика. Тогаш учесниците забележаа дека тој е во одлична физичка кондиција, дека лесно се искачил по патеката од хидроцентралата на Матка до ресторанот, полесно од поголем број мажи помлади од него. На тој настан му се оствари долгогодишната желба – да другарува со легендарната Есма Реџепова, која, исто така, беше учесничка                

 Не постои некој што не се сеќава на легендарниот поранешен југословенски ТВ-водител и презентер, Оливер Млакар. Легендарниот Оли, како што го нарекуваат нагалено, пред некој ден наполни 89 години. Роден е во малиот град Птуј, во Словенија, во далечната 1935 година. По Втората светска војна, во ослободена Југославија, од 1945 до 1953 година живеел во Осиек. Татко му, Словенец по националност, бил воено лице. Оливер се оженил за убавата Дуња, со која има две ќерки, а сега и еден внук, кој е професионален сурфер. Во 1954 година дошол во Загреб, каде што студирал француски и италијански јазик. По три години од преселувањето во Загреб, се пријавил на аудиција за најавувачи во Радио Загреб.        Во тоа познато и омилено радио ја добил својата прва официјална работа, со редовна плата и пријавен работен стаж. Не го држеше место, имаше харизматичен начин на водење, па многумина бараа тој да им ги води настаните, поголеми и помали, надвор од редовните ТВ-обврски. Така, набргу, како водител, стана заштитно лице на славниот „Сплитски фестивал“, на познатиот натпреварувачки карван „Јадрански сусрети“ (Јадрански средби), а често го водеше и „Опатискиот фестивал“, како и југословенскиот Избор на песна за Евровизија. Последниот голем, вистински евровизиски фестивал го водеше во Загреб (кога победи Југославија со групата „Рива“), заедно со својата позната колешка, Хелга Влаховиќ.

Во 1963 година, од Радио Загреб се префрли со работа во Телевизија Загреб. Во таа ТВ-куќа остана сè до пензионирањето. Работата во Телевизија Загреб му донесе југословенска слава и по прашањето на мегапопуларниот ТВ-квиз „Квискотека“. Затоа многумина го нарекуваа и Квиско. Истото беше и со водењето на кулинарската ТВ-емисија „Малите тајни на големите мајстори во кујната“, заедно со Стево Карапанџа.

Честопати доаѓаше и кај нас, во Македонија, водејќи најразлични настани. Последен пат беше во Македонија пред помалку од десет години, кога на Матка ја водеше манифестацијата за добра храна, вино и музика. Тогаш учесниците забележаа дека тој е во одлична физичка кондиција, дека лесно се искачил по патеката од хидроцентралата на Матка до ресторанот, полесно од поголем број мажи помлади од него.

На тој настан му се оствари долгогодишната желба – да другарува со легендарната Есма Реџепова, која, исто така, беше учесничка. Кога го прашаа од каде му е силата, интересно одговори дека е во неговите позитивни мисли, во искрената волја за живот и во тоа што секогаш го работи тоа што му причинува задоволство, и професионално и приватно.

Па така, сега не живее повеќе во Загреб, туку во едно убаво село, далеку од градската врева, каде што другарува со природата и со своите кучиња миленици, со кои често оди на натпреварувачки изложби. Велат, таков е Млакар, чудо од човек, омилен меѓу соседите и понатаму одлично подвижен, со бистар ум и со весел карактер со кој ги урива сите пречки.   Д.М.