Оливера Пепиќ подготви „Вечера кај кралицата“

242

Оливера Пепиќ од Струмица е највештата жена во Македонија во подготвување храна и аранжирање и декорација на маса на натпреварот што се одржа во Тетово. Од десетте натпреварувачки, второто место и припадна на Јулијана Златановска од Гостивар, додека трето место го освои Светлана Маркоски од Прилеп. Жирито на манифестацијата одлучи наградата гран прито да и го додели на натпреварувачката Петра Атанасовски од Скопје.

– Мојата маса беше наречена „Вечера кај кралица“. Мотивот беше поради тоа што секоја жена на момент сака да се почувствува посебно и отмено, да изгледа единствено и кралски. Со еден збор да биде кралица, кралица на својот дом, и на својата трпеза. Сакам да ги охрабрам сите млади домаќинки кои имаат љубов и желба, да спремаат убави специјалитети да се пријават на оваа манифестација затоа што убавото чувство може само да се доживее – изјави победничката Оливер Пепиќ.

Освен натпреварувачкиот дел со претставување на масите дел од манифестацијата беше и културно-уметничка програма со настап на КУД „Бранко Чајка“.