Околу 83 до 84 илјади вработени чии што работодавач е Владата ќе добијат К-15

679

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека сите вработени чиј работодавач е Владата, регрес за годишен одмор, односно К-15 ќе добијат кон крајот на ноември или почетоко на декември.

-Во ребалансот на буџетот иако тоа во основниот буџет не беше предвидено, во ребалансот на буџетот се предвидени околу милијарда денари за исплата на К-15 која што е законска обврска на сите работодавачи и оваа законска обврска Владата како работодавач најголем има намера да ја заврши некаде кон крајот на ноември, почетокот на декември затоа што, знаете, согласно Законот е потребно минимум шест месеци стаж да имате за да го исполните правото да бидете примател на К-15, така што ќе овозможиме на поголем број наши сограѓани коишто во меѓувреме ќе се стекнат со работно место да може да добијат К-15, така што околу милијарда денари коишто не беа предвидени во основниот буџет со ребалансот се предвидени некаде 83 до 84 илјади вработени чии што работодавач е Владата ќе добијат К-15 крајот на ноември, почетокот на декември месец, рече Мицкоски.