Околу 120 илјади домаќинства можат да имаат струја со централите од обновливи извори на енергија, што се изградени во последните 19 месеци.

Според Регулаторната комисија за енергетика, во периодот од јануари 2022 година, заклучно со јули оваа година, издадени се  лиценци на вкупно 605 централи со вкупна инсталирана моќност од 316,4 мегавати.

Со овој нов инсталиран капацитет што е ставен во функција во последната година и седум месеци, може да се задоволат потребите за електрична енергија на домаќинства со просечна потрошувачка од 14 градови од земјава, велат од Регулаторна комисија.

Станува збор за чиста зелена енергија од сонце, ветер, вода и биогас.