ОД 15 ЈАНУАРИ ДО 15 ФЕВРУАРИ: Фестивал на чајот и читањето

56

Фестивалот на чајот и читањето во организација на издавачката куќа „Феникс“, Фондацијата „Македонија презент“, Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ и Здружението „Интеракција плус“, годинава ќе се одржува од 15 јануари до 15 февруари.

Во рамки на фестивалот ќе бидат промовирани книгите „Детскиот тематски свет на Ацо Караманов“ од Мито Спасевски, „Вработувањето на лицата со посебни потреби во Република Македонија“ од Ана Петреска и „Книга за чајот“ од Какузо Окакура.

Ќе биде реализирана анкета на тема „Што читаат средношколците“, како и промотивна работилница по повод изданието „Чекор по чекор до правилен говор“.