Од 15 илјади нови средношколци, 10 илјади се запишале во стручно образование, гимназиите веќе не се толку атрактивни!

Според конечните ранг-листи, во стручното образование се запишале 10.277 ученици, во гимназиите – 4.603 ученици, 414 во спортската гимназија и 187 во уметничкото образование. Скопските гимназии како „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски-Корчагин“, каде што минатите години се бараше место повеќе, не се наполнија ниту во вториот уписен рок за учебната 2023-2024 година. Конкурсот за запишување ученици во гимназискотo образование е завршен само за „Никола Карев“ и „Георги Димитров“ во Скопје. За стручното образование, конкурсот е завршен во повеќе училишта и струки. – Изборот на идната професија е најважната алка во животот на младиот човек. По завршување на основното образование, деветоодделенците за првпат се исправаат пред ваков предизвик – изјави за весникот ВЕЧЕР Гордана Страшевска, професорка во средното стручно училиште ОСТУ „Гостивар“ – Гостивар. И во ова средно стручно училиште уписот е завршен за образовниот профил архитектонски техничар/градежен техничар на македонски наставен јазик

350

Две третини од новите средношколци се запишани во стручните училишта. Од Министерството за образование информираат дека во двете пријавувања во јунскиот уписен рок, во прва година средно образование во учебната 2023-2024 се запишале 15.481 ученик, а според конечните ранг-листи, во стручното образование се запишале 10.277 ученици, 4.603 во гимназиите, 414  во спортската гимназија и 187 во уметничкото образование.

Скопските гимназии како „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски-Корчагин“, каде што минатите години се бараше место повеќе, не се наполнија ниту во вториот уписен рок за учебната 2023-2024 година. Конкурсот за запишување ученици во гимназискотo образование е завршен само за „Никола Карев“ и „Георги Димитров“ во Скопје. За стручното образование, конкурсот е завршен во повеќе училишта и струки.

– Изборот на идната професија е најважната алка во животот на младиот човек. По завршување на основното образование, деветоодделенците за првпат се исправаат пред ваков предизвик – изјави за весникот ВЕЧЕР Гордана Страшевска, професорка во средното стручно училиште ОСТУ „Гостивар“ – Гостивар.

И во ова средно стручно училиште уписот е завршен за образовниот профил архитектонски техничар/градежен техничар на македонски наставен јазик.

– Последниве години, сведоци сме на сè поголемиот тренд меѓу младите да избираат стручно училиште, свесни дека на тој начин ја осигуруваат својата иднина. Изборот на струки и профили е предуслов за големата заинтересираност на учениците да го продолжат школувањето во средните стручни училишта. Сепак, како клучен фактор, сметам дека е потребата на пазарот на трудот, но и можноста за самостојна дејност,  обезбедувајќи си на тој начин пристоен живот во иднина – вели Страшевска за весникот ВЕЧЕР.

Таа додава дека ОСТУ „Гостивар“ има склучено договори со повеќе компании, меѓу кои и ЕВН за реализирање практична работа на учениците, како и за прием на оние што ќе се здобијат со стручно звање.

Во средното медицинско „Панче Караѓозов“ во Скопје, завршен е конкурсот за образовните профили медицинска сестра, гинеколошко-акушерска сестра, забен техничар и фармацевтски техничар на албански наставен јазик и за образовните профили фармацевтски техничар и физиотерапевтски техничар на македонски наставен јазик.

Според наставниот јазик, 11.325 идни средношколци се запишани за настава на македонски јазик, 3.852 ученици за настава на албански и 298 за настава на турски јазик. Годинава, за настава на српски јазик се пријавени само шестмина ученици.

На првото пријавување, кое се реализираше преку електронско аплицирање на 20 и 21 јуни, се пријавиле 16.007 ученици, а на второто пријавување, на 27 и 29 јуни, се пријавиле 3.371 ученик.

Пријавувањето во августовскиот рок ќе биде на 21 август до 24 часот во училиштата во кои има слободни места.

Од МОН посочуваат дека учениците што се упатени на поправни испити, испит на година или испити за побрзо напредување може да се запишат во училиштата во кои има слободни места, а пријавувањето ќе се врши на 21 август до полноќ.