Од 1 јуни во Македонија нема плаќање на високи суми во кеш

319

Од наредниот месец се забранува плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност.Ова е во согласност со Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, кој стапува на сила од 1 јуни 2019 година.
Граѓаните оваа услуга ќе мора да ја извршуваат преку платежна картичка или со уплатница преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.
Па така од почетокот на следниот месец, трговците кои вршат наплата во готовина ќе можат да вршат продажба и наплата до 500 евра при поединечна трансакција.