Патарините во некои земји во Европа од 1 јануари годинава се поскапени. Така, ако планирате да патувате во Европа, добро е да се знае дека во Австрија, Унгарија и во Словачка, по Нова година, се зголемени цените на вињетките.
Така, унгарската месечна вињетка претрпи најголема корекција за цели 70 насто и чини 22 евра. Неделната вињетка е поскапа за 44 насто и чини околу 14 евра, а годишната е поскапа за 5 проценти и сега изнесува околу 120 евра.
Десетдневната вињетка во Словачка е поскапена од 10 на 12 евра, месечната од 14 на 17 евра, а годишната од 50 на 60 евра.
Новата цена за годишна вињетка во Австрија е 96,40 евра, што е покачување за 2,60 евра. Двомесечната чини 29 евра, а десетдневната сега е 9,90 евра. На пат до средноевропските земји, нашите возачи најчесто поминуваат низ Австрија и треба да знаат дека доколку веќе имаат австриска вињетка за 2022 година, дека таа им важи до 31 јануари 2023 година.