Од јуни до крајот на август уживајте во нив безрезервно: Кајсии за челично здравје и долговечност

1742
Фото:пекселс

Кајсиите ја стимулираат одбраната на организмот од инфекции, ги зајакнуваат забите и коските. Ако кајсиите се јадат пред оброк, тие добро делуваат на варењето, а поради високата содржина на железо се препорачуваат за анемични лица.

Поради големата количина на витамин А што го содржи, се смета за најдобар природен сојузник во зачувување на видот и зачувување на здравјето на кожата.

Кајсиите се омилено летно овошје за многумина, а бидејќи имаат само 48 калории на 100 грама, тие се идеални за сите оние кои се грижат за својата фигура. Можете да уживате во кајсиите без воздржување!

Се верува дека предок на ова вкусно овошје е северна Кина, од каде Александар Македонски го донел на Медитеранот. Сезоната на кајсии трае од јуни до крајот на август, па миризливите кајсии се идеална закуска во текот на летото.

Нутриционистите истакнуваат дека кајсиите дефинитивно треба да се консумираат што повеќе бидејќи содржат витамини од Б комплексот, фолна киселина, витамин Е, а богати се и со железо, па затоа се препорачуваат за сите кои имаат проблеми со анемија. Кајсиите се еден од најбогатите природни извори на витамини А, Ц, Б комплекс, калиум и бета каротин.