Од јануари нови 100 милиони евра поволни кредити за компаниите

176

Нови 100 милиони евра поволни кредити за компаниите најави денес премиерот Зоран Заев, како дел од четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните и стопанството.

„Со четвртата мерка се обезбедени нови 100 милиони евра поволни кредити преку Развојната банка. Овие поволни кредити се обезбедени од Европската инвестициона банка и ќе бидат пласирани во јануари 2021 година преку деловните банки за поддршка на домашните компании и тие се со исклучително ниска камата“, рече дене на пресс конферренција премиерот Заев.

Една од мерките е и продолжување на грејс периодот на бескаматните кредити од Ковид 1 линијата во траење од три месеци.

Со оваа мерка, какоо што појасни Заев, преку Развојната банка, на постоечките корисници на кредитните линии од оваа банка ќе им бидат обезбедени дополнителни три месеци грејс период пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити.