Од септември: Белград воведува нови мерки за Србите на Косово

6208
Министерот за труд, боречки и социјални прашања Немања Старовиќ изјави дека некои од мерките кои Владата на Србија ги усвои на 14 септември со помош на Србите на Косово, ќе почнат да се применуваат уште на почетокот на ноември.

„Ние имаме јасни барања кои се упатени до меѓународната заедница, кои се многу добро втемелени и образложени и кои подразбираат враќање на „статус кво анте“, односно навреме пред  Аљбин Курти со спроведувањето на своите еднострани мерки го урна Бриселскиот договор“, изјави Старовиќ, пренесе Радио-телевизија Србија.

До новото заострување на односите на релација Белград- Приштина дојде откако властите на Косово во изминатите седмици ги затворија паралелните српски институции на северот кои ги сметаат за неуставни и нелегални.

Белград го нарече тоа „криминални акти“ кои за цел го имаат „прогонот на Србите“.
Европската унија, но и Соединетите држави, Франција, Голема Британија и Германија го критикуваше Косово, поради, како што рекоа, едностраните и некоординирани акции на северот на европа.

Пакет мерките кои Владата на Србија ги усвои на 14 септември, имаат политичко-правосудна димензијам но и социјално-економија, рече Старовиќ за РТС, наведувајќи дека целата низа ресори доби јасни задачи со конкретни мерки и кои ги опфаќа тој социјално-економски пакет мерки.

Како што рече, станува збор за помош од 20.000 динари (околу 170), за 5000 социјално загрозени поединци, односно семејствата на Косово, тие примања од 60.000 динари (околу 500 евра) за дополнителни 300 невработени.

Тој рече дека сите ученици на Косово ќе добијат бесплатни  пакети учебниви, и дека се воведува и додаток за ужинка.

„Ние градиме сосема нови две градинки во Косовкото поморавје, правиме реконструкција, адаптација и надградба на цела низа градинки, градба на една спортска сала, повеќе спортски терени, етносела кај манастирот Драганацв и ова не е крај на списокот“, речер Старовиќ.

Некои од мерките, како што наведе, ќе почнат да се применуваат веќе од почетокто на ноември, некои од почетокот на декемврим додека за некои ќе мора да се почека до 1 септември.

Со овие пакет-мерки е опфатено и вработување на 100 здравствени работници, дополнително вложување во Клиничко-болнички центар во Северна Митровица, како и поттикуваљње на микро и мали претпријатија и земјоделци.

Старовиќ додаде дека ќе се формираат и мобилни канцеларии на посебни точки многу блиску до границата со Косово, кои ќе се занимаваат со административни задачи кои досега се извршуваа во центрите на локалната самоуправа.