Од почетокот на војната во Украина убиени 589 деца, а ранети над 1.600

6

Од почетокот на војната, во февруари 2022 година, во Украина се убиени 589 деца, а повеќе од 1.681 се повредени, соопшти Украинското Јавно обвинителство за малолетници.

Како што пренесува „Суспилна“ најмногу деца починале во регионите Доњецк (598) и Харков (459), а потоа во Херсон (187), Днепропетровск (190), Киев (133), Запорожје (154) и Николаев (117), пренесува.

Обвинителството потсетува дека во понеделникот, на 11 ноември, како резултат на гранатирањето на градот Криви Рих во областа Днепропетровск, загинале две десетгодишни момчиња, како и двомесечно девојче, а рането е едно единаесетгодишно момче.