Oпштина Бутел спроведе екоакција каде се исчистија повеќе локации на цела територија на општината. Досега се исчистени пет локации каде имаше мини депонии и тоа во: село Радишани – улица „8“, на спојот со патот на селото Љуботен, улица „Бутелска“- кај расадник, улица „Бетовенова“ – на спојот со „Александар Бујнов“, парк површината од улицата „Груица Војвода“ – зад кино Бутел и Скопје – Север, улиците „Гоце Стојчевски“ и „Боро Менков“.
Во првата фаза од акцијата се исфрлени 10 камиони, осносно 20 тони шут во депонијата Дрисла. Во втората фаза предвидени се уште три локации од кои: патот од гробишта Бутел кон патот кој води до Кучевишка Бара, последна 8-ка, населено место Љуботенски пат. Предвидена е и санација на најголемата депонија од улицата „Александар Урдаревски“, на патот кон гробишта Бутел, односно од левата страната после мостот на реката Серава.