Од звукот на алармот зависи работната подготвеност по будењето

79

Најново истражување покажува дека не е сеедно како ви ѕвони будилникот наутро – омилената мелодија или случајно, дури и иритирачко бипкање.
Токму овој звук влијае на тоа колку ќе бидете мрзоволни и несмасни по будењето, пишува Сајенс дејли.

Студијата на Универзитетот РМИТ покажува дека мелодичните утрински ритми можат да го подобрат нивото на будност, а острите тонови на алармот сe поврзани и со зголемено ниво на утринска несмасност.

Ова изненадувачко откритие би можело да има важни импликации за сите на кои им е потребно да достигнат апсолутна подготвеност во што пократок рок по будењето, како што се работниците задолжени за давање одредена помош.

Авторот што го предводел истражувањето, Стјуарт Мекфарлан, изјавил дека утринската тромост – или инерцијата од спиењето – е сериозен проблем во нашиот 24-часовен свет.

„Ако се разбудите правилно, работниот ефект ќе може да ви се влоши во текот на период до четири ласа, а токму овој факт е поврзан со големи несреќи, вели Мекфарлан.

Можеби е потребно да се направат повеќе истражувања за подобро да се разбере прецизната комбинација и ритамот кои би функционирале најдобро, изборот на алармот може да се покаже многу важен, бидејќи мнозинството луѓе токму него го користат за да се разбудат на време.

„Ова е посебно важно за луѓето кои можат да работат во опасни ситуации набрзо по будењето, како пожарникари или пилоти, ама и за оние од кои се очекува брз подготвеност, како што е некој кој вози во болница во итни случаи“, објаснува Мекфарлан.

 

Во истражувањето учествувале 50 испитаници. Тие користеле посебно дизајнирана интернет анкета која им овозможувала да учествуваат во истражувањето од удобноста а сопствениот дом. Секој личност пријавила каков вид звук користи за будење, а потоа го оценила нивото на забавеност и будност според стандардните критериуми на инерцијата на спиење.

„Оваа студија е важна бидејќи дури и астронаутите на НАСА наведуваат дека инерцијата на спиењето влијае на нивните перформанси на Меѓународната вселенска станица“, изјавил Адријан Дајер, коавтор на истражувањето.

Сметаме дека остриот звучен сигнал би може да им попречи или да ги збуни нашите мозочни активности кога се будиме, додека мелодичниот звук помага да се помине во будна состојба на поефикасен начин“.