Од Демократска партија на САД соопштија: Камала Харис ќе биде наш кандидат, има доволно делегати

132

Камала Харис освои гласови од доволно делегати на Демократската конвенција за да стане претседателски кандидат на партијата, изјави во петокот претседателот на Демократскиот национален комитет Џејми Харисон.

Политико пишува дека таа од потпретседател и втора шанса отиде на прво место.

„Толку сум горд што можам да потврдам дека потпретседателката Камала Харис заработи повеќе од мнозинството од гласовите на сите делегати на конвенцијата и ќе биде номинирана од Демократската партија по затворањето на гласањето на 5 август“, рече Харисон во видео снимката во петокот.

Засега не се знае кој ќе биде нејзин потпретседател.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември.