Граничниот премин Богородица денеска е речиси празен. Екипа на весникот ВЕЧЕР беше на граничниот премин и забележавме дека состојбата е релаксирана, а граѓаните кои имаат уредни важечки документи ја поминуваат границата со Грција без проблеми.
Од грчка страна се враќаат само оние наши граѓани кои немаат нов пасош на кој пишува Република Северна Македонија и оние кои имаат стари сообраќајни дозволи на кои пишува Република Македонија. Од граничниот премин велат дека ниту еден наш граѓанин не е вратен од грчка граница, со сообраќајна дозвола ради кодот МК ако на истата пишува Република Северна Македонија, како што се објавува на социјалните медиуми.