Од „Буши фешн“ децидни: Не се гради, ниту се реконструира!

209

Околу целата зграда на „Технометал“ во строгиот центар на градот  посатвени се скелиња, а исто така има таа е заградена и со лимени тараби.

На прашањето дали фирмата „Буши фешн“ која е сопственик на зградата почнала со некакви градежни активности, од Општина Центар одговорија дека до нив нема пристигнато никакво барање за градење или реконструкција. Оттаму, нагласија дека деновиве имале состаноци со претставници од Министерството за транспорт и врски од каде треба да добијат писмена потврда дали се работи за објект од прва категорија за кои дозволи за градење издава министерството.

Од Министерството за транспорт и врски пак потврдија дека до нив имало стасано барање од фирмата „Буши“ за градење, но оти не им била издадена градежна дозвола, бидејќи имале одредени забелешки.

– Издадено им е решение за прекин на секакви активности се додека не се отстранат забелешките на кои им е укажано- нагласија од Министерството за транспорт и врски.

Од фирмата „Буши фешн“ пак велат дека само постапуваат онака како што им било наложено од Општина Центар заради безбедност на објектот .

– Поставивме лимени тараби за повеќе да не влегуваат несовесни луѓе и да го руинираат објектот.  Воопшто ништо не се гради, ниту пак се реконструира. Сеуште чистиме. Само паркот пред објектот не можеме да го исчистиме од ѓубре. Секој што реновирал нешто во својот дом исфрлал овде. Не можеме да дочистиме- децидни се од фирмата „Буши фешн“.     

Претходно, еден од сопствениците на оваа зграда, Абдулмуталип Буши, информираше за весникот ВЕЧЕР дека зградата ќе си остане со истата намена. Ќе се издаваат канцеларии на фирми на IT-компании. Така си е и од претходно, 60% канцеларии и 40% соби. Но, соби нема да бидат, туку сè е канцеларии – објасни тогаш Буши.

Зградата на „Технометал-Вардар“  беше ставена на продажба откако во 2019 беше отворена стечајна постапка за „Технометал-Вардар“. Поради обврски кон „Комерцијална банка“ објектот беше одземен од банката, а потоа ставен на продажба, по што зградата беше купена од „Буши фешн“.

„Технометал-Вардар“ беше основана пред 60 години и во времето на поранешна Југославија беше водечка фирма во трговија со мермер, челик, обоени матели и неметали, опрема, машини и друго.

(А.П.) Фото: (Ѕ.П.)