Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби изјави дека Вашингтон е решен да го брани Израел од каков било ирански напад.
Кирби изјави дека е тешко да се предвиди можноста за ирански напад врз Израел, но дека Белата куќа сериозно ги третира пораките од Техеран.
Според Кирби, Вашингтон постојано му кажувал на Иран дека нема причина за ескалација на конфликтот и избувнување на општа регионална војна, како и дека Соединетите Американски Држави се подготвени да го одбранат Израел во случај на конфликт.
Иран најави остар одговор на убиството во Техеран на лидерот на палестинската организација Хамас Исмаил Ханије, обвинувајќи го Израел за таа ликвидација.
Вашингтон испрати два носачи на авиони и дополнителна ескадрила ловци Ф-22 на Блискиот Исток, објави Ројтерс.
Кирби изјави дека силите ќе бидат присутни се додека е потребно за да помогне во одбраната на Израел и да ги заштити американските војници и објекти во регионот.