Одои како позајмен

39

Римскиот калчолигаш Лацио ќе се обиде до крајот на летниот преоден рок да ги осигура услугите на крилниот напаѓач од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Калум Ходсон-Одои. Повремениот репрезентативец на Англија изминатата сезона ја одработи како позајмен фудбалер во дресот на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, а и челниците на Лацио сакаат прво да го позајмат, а потоа да го откупат неговиот договор.