Овој хороскопски знак е сосема различен од другите, а луѓето кои се родени во него имаат детско срце и остануваат млади засекогаш.
Луѓето родени во знакот Близнаци имаат младешки дух дури и кога стапуваат во старост.
Лесно се прилагодуваат и подготвени се да научат нови работи.
Тие се кралеви на стилот. Дамите родени во хороскопскиот знак Близнаци речиси никогаш нема да бидат видени без некои уникатни детали за косата, додека господата често носат марами и вратоврски.
Мобилните телефони и друга опрема секогаш им се на дофатот и во секој миг се подготвени за акција.
Лесно се запознаваат, не се срамат да пријдат и да подадат рака. Течно зборуваат странски јазици и секогаш се желни за нови знаења.
Нестабилноста и нетрпеливоста на овој знак понекогаш ги прави малку неодговорни.
Тие се обидуваат да ги почитуваат договорите, но секогаш треба да ги потсетувате.
Честопати забораваат да ја платат сметката или да испратат некој важен документ.
Со нив секогаш ќе бидете во центарот на вниманието. Ги следат модните трендови и културните настани.