Одлука на Советот на Тетово: Нови улици во градот се прогласуваат за едносмерни

286

Со одлука донесена на седница на Советот на Општина Тетово нови улици во градот се прогласуваат за едносмерни.Од Одделението за сообраќај на денешната 13-та седница образложија дека воведувањето на едносмерните улици е со цел да се намали сообраќајниот метеж на тие делници. -Со прогласувањето на овие улици за едносмерни, значително ќе се растерети режимот на одвивањето на сообраќајот на овие улици. Измените на режимот на сообраќајот на улиците од член 1 на оваа Одлука како едносмерни улици ќе биде од времен карактер, се до реализацијата на деталните урбанистички планови на овие улици, е наведено во образложението на Предлог одлуката која беше прифатена од советниците.За едносмерни улица се прогласени дел од улица „Мурат Бафтијари“ од улица „К.Р-Дрнц до улица „Браќа Миладинови“, потоа дел од улица „Мурат Бафтијари“ над женски пазар до улица „К.Р-Дрнц, улица „Иво Рибар Лола“ од музичко училиште до улица „Тодор Циповски-Мерџан“ ( стара бибиотека) и дел од улицата „Кузман Јосифоски-Питу“ од крстосница со „Тодор Циповски-Мерџан“ ( стара бибиотека) до крстосница со улица „Страшо Пинџур“, дел од улицата „Јордан Златановски“ од улицата „Кумановска“ до улица „Мирче Ацев“.