Одлуката за екстрадиција на „кралот на криптовалутите“ е откажана

56

Јужнокорејскиот државјанин До Квон засега не мора да се грижи дали ќе биде ескпресно екстрадиран во Јужна Корја или во Соединетите Американски Држави, бидејќи Апелацискиот суд на Црна Гора ја уважи жалбата на одбраната и го укина решението на Вишиот суд за негова екстрадиција. Јужнокорејските и американските власти го бараат До Квон поради измама во врска со криптовалути вредни 40 милиони евра.

На крајот од март минатата година, со одлука на Основниот суд во Подгорица, беше потврдено дека  е одреден притвор зџа јужнокорејските државјанини До Ковон и Хон Чанд Јун, поради основан сомнеж дека извршиле кривично дело фалсификување патни исправи. Судот подоцна ја прифати кауцијата од 400.000 евра за обвинетите кои се пуштени да се бранат од слобода. Медиумите тврдеа дека Квон на тој начин, наместо во затворска ќелија во Спуж, ќе се најде во луксузен стан.

Со споменатата одлука на Апелацискиот суд овој случај втор пат е вратен на повторно одлучување, со став со кој се нагласува дека „одлуката за тоа кому ќе му биде екстрадиран До Квон треба да ја донесе судот, а не министерот за правда“. Сега јужнокорејскиот крал на криптовалутите чека нова одлука од Вишит суд.

Интересно е што Високиот суд беше на мислење дека актуелниот министер за правда Миловиќ треба да одлучи дали До Квон ќе биде екстрадиран во Јужна Кореја или во САД, но значителен број адвокати се противат на тој став „бидејќи се работи за скратена постапка“.

Адвокатот Бранислав Лутовац објави:

„Во скратената постапка за екстрадиција конечната одлука во која земја ќе биде екстрадиран ја носи надлежниот суд. Додека во редовната екстрадициона постапка конечната одлука ја носи министерот за правда. Втората грешка на Вишиот суд беше тоа што не утврди која земја прва побара екстрадиција на До Квон. Одлуката на Апелациониот суд само ги одолговлекува работите“.

Собраниската Комисија за безбедност и одбрана ги сослуша министерот за правда Андреј Миловиќ, главниот специјален обвинител Владимир Нововиќ и началникот на Специјалното полициско одделение (СЈО) Предраг Шуковиќ за потенцијалните злоупотреби во таа полициска единица во случајот со аферата „До Квон“ и други актуелни безбедносни прашања. Делот од седницата поврзан со До Квон беше затворен за јавноста.