Одбраната тврди дека Груби нема кривична одговорност во постапката

169

Адвокатот на Артан Груби, Владимир Доневски, со соопштение до јавноста информира дека до денес не излегле во јавност бидејќи одбраната, а, исто така, и гонењето на осомничениот, се водела во судска постапка, а не преку медиумите.

– Откако е започната оваа кривична постапка, ние, како одбрана, зедовме активно учество во сите дејства што се преземаат. По утврдувањето на она со кое располага Судот досега и анализата на аргументите на Јавното обвинителство, според нас, нема основи на сомневање за сторено кривично дело предвидено со закон. Одбраната и сите аргументи ќе бидат изложени во рамките на законски предвидената постапка, сè со цел да бидат убедени и Судот и јавниот обвинител дека нема кривично дело во дејствата за кои се обвинува Артан Груби – стои во соопштението на адвокатот на Груби, кој ги повикува учесниците во постапката да останат имуни на очигледната политизација на процесот.

Артан Груби е второосомничен за кривичното дело проневера, во истрагата за наводите за криминали во Државната лотарија на Македонија, како поранешен вицепремиер, одобрил незаконска набавка на ВЛТ-апарати. Според пријавите, осумтемина во истрагата се товарат дека направиле штета во висина од околу 8 милиони евра. На денот на акцијата, Груби избега од државата во Косово, а полицијата распиша меѓународна потерница за него и за првоосомничениот Бајрами. Во меѓувреме, полицијата поднесе кривична пријава против полицискиот службеник што го пушти и не го задржа осомничениот на граничниот премин Блаце. (П.А)

 

ИЗДВОЕНИ