Поранешната канадска репрезентативка во одбојкарката Ракел Пауел (22) на крајот на септември е уапсена во Лондон откако се обидела да влезе во Велика Британија со поголема количина канабис. На лондонскиот аеродром Хитроу во куферот што го носела биле пронајдени дури 19 килограми канабис, чија пазарна вредност е околу 600.000 фунти или околу 715.000 евра.

Ракел веднаш се изјасни за виновна, поради што неодамна беше осудена на 15 месеци затвор во Велика Британија. Според зборовите на професионалната одбојкарка, за услугата за превоз на стока што требало да се најде на улиците на Лондон и биле платени само 300 канадски долари, што е нешто помалку од 200 евра!

Се претпоставува дека Канаѓанката, која некогаш била репрезентативка до 18 години, е дел од поголема криминална група, бидејќи тие денови на аеродромот Хитроу биле пронајдени неколку пакувања со канабис. Два дена подоцна, Ирката Сиобан МекКатавеј од Бангкок донела куфери со 44 килограми дрога, додека Меу Чу Вонг во истиот ден од Малезија донела два куфери со 42 наркотични материи. Во полициска акција сите биле фатени веднаш на аеродромот, по излегувањето од авионот.