Одамна ја заврши кариерата, но и денес заработува многу пари: Колку „тежи“ Ана Ивановиќ?

4026

Ана Ивановиќ зад себе има кратка, но богата кариера. Таа за прв пат зема рекет во рацете на петгодишна возраст и оттогаш напорно тренираше, а пошироката светска јавност за неа слушна во 2004 година, кога стигна до јуниорското финале на Вимблдон.

Таа освои 15 професионални ВТА турнири, плус Ролан Гарос во 2008 година. Истата година, таа стана првата тенисерка на планетата.

Наградите, во екот на нејзината кариера, беа вртоглаво високи, а само од натпреварувањата таа заработи повеќе од 15,5 милиони долари.

Ивановиќ има и спонзорски договори. Додека Ана активно се занимаваше со тенис, зад себе имаше престижни спортски брендови, а рекламираше и бренд на луксузни часовници, пренесува Hello.

По завршувањето на кариерата, таа се посвети на семејството, но најде време и да го создаде својот козметички бренд „Natural performance“, кој работи одлично.

Богатството на Ана Ивановиќ се зголеми и благодарение на соработката со брендот „Brax“. Таа и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер веќе неколку сезони се заштитно лице на оваа позната германска модна куќа.

Ана има вистинско богатство, како и повеќето тенисерки кои постигнале успешни кариери. Сепак, фудбалот е попопуларен од „белиот спорт“, па со самото тоа таму се вртат повеќе пари.

Ако ја споредиме нејзината досегашна заработка со Бастијан, поранешниот капитен на германската репрезентација е сепак подобар за повеќе милиони.

Според некои извори, своевремено еден од најдобрите фудбалери во Германија заработил околу 80 милиони долари.