Денеска голем пожар избувна во складиште за гас недалеку од рускиот град Саратов, јавува руската државна новинска агенција РИА Новости. Роман Бусаргин, гувернер на Саратовската област, изјави дека „првите извештаи укажуваат дека имало пад на притисокот на гасоводот поради ненормална топлина, што го предизвикало пожарот“.
Од подрачната служба на Министерството за вонредни состојби истакнаа дека во пожарот нема повредени.
„Во 16 часот по локално време добивме порака дека се запалил гасовод. Кога пристигнала првата пожарна, пламенот бил висок пет метри“, изјавија тие.
⚡️🔥 A powerful explosion at a gas storage facility in the suburbs of Saratov, Russia: fire and smoke can be seen several kilometers away! pic.twitter.com/8SFfz93KMR
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) June 15, 2024
Пожарот е локализиран
Бусаргин потоа пријавил дека пожарот е локализиран. „Во овој момент пожарот е локализиран. Се согорува преостанатиот гас од гасоводот, по што пожарот ќе биде изгаснат. Сите служби за итна помош се вклучени во отстранување на несреќата“, напиша тој на својот канал Телеграм.
Независниот руски медиум Медуза, повикувајќи се на каналите на Телеграм, објави дека пламенот бил видлив на места кои се на километри оддалечени од местото на пожарот. Тие цитираа и локални жители кои тврдат дека пламените јазици се издигнале на околу 50 метри во воздухот.