Овогодинешната Нобеловата награда за литература ѝ припадна на јужнокорејската писателка Хан Канг

40

Овогодинешниот добитник на Нобеловата награда за литература е Хан Канг, јужнокорејска писателка кој според пошироката јавност не беше меѓу главните фаворити.

Хан Канг беше само на 40-то место на обложувалниците, а оваа писателка веќе ја доби Букеровата меѓународна награда во 2016 година, за романот „Вегетаријанец“.

Кралската академија во Шведска соопшти дека нејзината проза се соочува со историски трауми и ја разоткрива сета ранливост на човечкиот живот и дека таа е меѓу иноваторите на современата проза.

Таа е родена во 1970 година во градот Гвангжу и на 10-годишна возраст се преселила во област во Сеул, што детално го опишала во еден од нејзините романи.

Кариерата ја започнала со објавување песни во списание, а потоа победила на литературен конкурс во Сеул со приказна.

Тогаш започна нижењето награди, кои кулминира со Нобеловата награда, но наградата Букер донесе контроверзии поради преводот на Дебора Смит, кој многумина го карактеризираа како сиромашен.

Сепак, таа награда ја стави Хан Канг во фокусот на меѓународните читатели и веќе со следното дело насловено „Белата книга“ се најде во потесниот избор за истата награда.

Таа книга била инспирирана од смртта на нејзината сестра, која починала само два часа по раѓањето на Хан, а ова ило еден вид процесуирање на траумата.

Друг тип на траума се споменува во подоцнежниот роман „Човечки дела“, кој е инспириран од масакр во нејзиниот роден град.

Интересно е што книгата „Вегетаријанец“ ја напишала со рака, бидејќи зглобот и бил оштетен поради прекумерна употреба на компјутерот.

Хан Канг се карактеризира со емпатија кон екстремните животни приказни и многу метафоричен стил.

Многу од нејзините протагонисти се жени, но нараторите често се мажи, а многумина ја истакнуваат нејзината свесност за врската помеѓу душата и телото преку нејзиниот експериментален стил.

Уште како тинејџерка пати од мигрена, за која вели дека потсетува дека е човечко битие, поради што останува скромна и што веројатно влијаело да стане и да остане писателка.

А со литература сакала да се занимава од својата 14-та година, бидејќи вели дека тогаш барала одговори на суштински прашања и сфатила дека тоа го прават сите писатели, па решила да им се придружи.

На тоа влијаело и тоа што уште од детството била опкружена со книги, бидејќи и нејзиниот татко е писател.

Освен со литература, таа се занимава и со музика и се интересира за визуелните уметности, поради што нејзините дела често одразуваат таков мултидисциплинарен пристап.

Хан Канг е петтата личност избрана за проектот „Библиотека на иднината“, во кој авторите пишуваат по едно дело од 2014 година, а сите ќе бидат објавени дури во 2114 година.