Вршење нужда во морето во овие земји се казнува со огромна сума! А, еве што се случува со водата ако го сторите тоа

600

Во екот на туристичката сезона, плажите долж јадранскиот брег преполни со посетители од целиот свет. Различното население со себе носи различни културни обичаи, однесувања и хигиенски стандарди. Една од честите дилеми е мокрењето во море.

Што се случува кога ќе мочате во морето

Според Американското хемиско здружение, ова однесување не само што е безопасно, туку може да има и корисни аспекти.

Имено, човечката урина е 95% вода, а присутниот натриум хлорид, кој веќе е во морската вода, не штети на морската средина. Дури и сите луѓе во светот да уринираат во морето во исто време, според експертите нема да има еколошки штети. Биохемичарот Стјуарт Џонс објаснува дека урината е безопасна и кога ќе се разреди со морска вода, за многу кратко време станува безначајна.

Истражувањата покажаа дека 62% од капачите мочаат во морето, а оваа појава не е ограничена само на луѓето. На пример, кит може да испушти 970 литри урина во океанот дневно. И покрај тоа, научниците препорачуваат избегнување на мокрење во помали заливи каде што водата циркулира помалку.

„Изгор“ казни

Од друга страна, мокрењето во морето може да се смета за грубо и нехигиенско, како што покажуваат некои локални прописи.

Шпанскиот град Марбела воведе казни од 750 евра за оние кои вршат нужда во морето на една од неговите 25 плажи. Исто така, во Сан Педро дел Пинатар во Мурсија, мокрењето во морето е забрането од 2017 година.

Што се однесува до базенот, ситуацијата е поинаква. Иако мочањето во базен може да изгледа безопасно, мешањето на урината со хлор може да создаде штетни хемикалии, како што е хлор цијанид, што може да го оштети срцето и белите дробови.