Ова се производите со „гарантирани“ цени/ФОТО

255

Ориз, брашно, бел леб, тестенини, сирење, какашкавал, трајно кравјо млеко, кислео кравјо млеко, јогурт, павлака, јунешко, свинско пилешко месо, мелено месо,  бисквити, наполитанки… се дел од 50-те производите кои поевтинуваат од денеска. Референтна цена за намалувањето на цените за 10 проценти е 1 август, а одлуката ќе биде во сила до крајот на ноември годинава. Производите опфатени со одлуката во маркетите ќе бидат означени со „гарантирана цена„. Министерот за економија Крешник Бектеши очекува 99,9 отсто да се почитува одлуката за намалени цени, а доколку има потреба истата ќе биде продолжена и после 30 ноември. Според него оваа одлука ќе ја намали инфлацијата во делот на храната за 4 до 5 отсто