Ова жешко лето “пукнав од мака“ – Не јадев сладолед, ослабнав 45 килограми, станав риба! Тијана Дапчевиќ (Тодевска) се разубави

67

Инвестирав во моето здравје, па за некои си четири месеци најпрво ослабнав 45 килограми што е  за мене голем успех. Не е штосот во тоа да гладуваш, туку во изборот на јадењата!

-Ова лето полесно се движев, полесно пливав, бидејќи успеав да ги симнам најпрво 45 килограми, вели “скромно“ пејачката Тијана Дапчевиќ-Тодевска. Признава дека имала неверојатни 115 килограми повеќе, а потоа одлучила да направи револуционарна трансформација во начинот на исхраната.

Нашето македонско девојче со белградска адреса на живеење,  со тие тешките 115 килограми, ич не се чувствувала добро во својата кожа, ниту можела да се вклопи во облеката. – Инвестирав во моето здравје, па за некои си четири месеци најпрво ослабнав 45 килограми што е голем успех за мене. Малку личев на “чачкалица“, ама добро ми стои. Не е штосот во тоа да гладуваш, туку во изборот на јадењата, коментира разубаванета Тијана, која летово не излезе од костумите за пливање.

Со задоволство сподели неколку фотографии од морската плажа да ја видиме каква риба станала, покрај тоа што на своето мени имаше често разновидна риба за јадење. А, со задоволство сподели и неколку други секси фографии. Не е за фалење, ама рака на срце, станала вистинска женска пред која мажите занемеа!

Така да, за појадок Тијана јадеше овесна каша со црвено овошје, за ручек мисиркино варено месо со зеленчук и без леб, само оној од интегрално брашно, а за вечера само риба со салата. Тестото сосема го исфрлила, а тоа значи дека не јаде ништо лиснато, не јаде макарони, не јаде шпагети. И пие доста вода.

– Не јадам веќе слатки, не јадам колачиња, заборавив на сладоледи. Во текот на ова жешко лето пукнав од мака бидејќи порано сладоледот ми беше најомилената летна посластица.    Д.М. фото:архива