Ова е одвратна дискриминација само затоа што не можам да одам

123

Најдобриот тенисер во инвалидска количка Дилан Алкот, ги искритикува организаторите на грен слем турнирот – САД Опен. Тие донесоа одлука турнирот да се одржи од 31 август, но ги укина квалификациите, микс двојките и тенискиот турнир во инвалидски колички.

Првиот рекет кога станува збор за играчи во инвалидска количка го искажа своето незадоволство и не штедеше зборови во критиките кон организаторите.

-Само што е објавено дека САД Опен ќе се одржи без тенис во инвалидска количка. Никој ништо не ги праша играчите. Мислам дека направив доволно за да се квалификувам – двапати бев шампион во Њујорк, прв сум во свеот. Но, ми недостасува една единствена работа – способност да одам. Ова е одвратна дискриминација, напиша Алкот.

За разлика од САД Опен, турнирот на тенисери во инвалидска количка ќе се одржи на Ролан Гарос, кој стартува на 27 септември.

-Ве молам немојте да ми кажете дека сум под поглем ризик само затоа што сум парализиран. Јас сум хендикепиран, но тоа не ме прави болен. Јас сум подготвен и поздрав скоро од сите кои ова го читаат, не постои дополнителен ризик за мене. Ова е очигелдна дискриминација, луѓето кои не се хендикепирани да донесат одлука во мое име. Што ќе работам јас во животот само затоа што сум парализиран? Тоа не е доволно добро за САД Опен, заврши Алкот.

Дилан покрај титулите на САД Опен, има шест на Австралија опен, и по една на Вимблдо и Ролан Гарос. Освои злато на Параолимписките игри, како и шест грен слем титули во двојки.