epa11441618 Novak Djokovic of Serbia takes part in a practice session on Centre Court ahead of the Wimbledon tennis championships at the AELTC at Wimbledon, London, Britain, 27 June 2024. EPA-EFE/NEIL HALL

На самиот старт од овогодинешното издание на најстариот грен слем турнир – Вимблдон, познатиот британски магазин „The Sunday Times“ објави насловна страница на која е шпанскиот тенисер Карлос Алкараз. Ова го изнервира Пол Мекнеми кој им одржа лекција на Британците.

Мекнами, кој освои четири грен слем титули во двојки, а е голем фан на Карлос Алкараз, истакна дека оваа насловна страница е непочитување кон најтрофејниот тенисер на сите времиња Србинот Новак Ѓоковиќ, но и кон светскиот тениски рекет број еден Италијанецот Јаник Синер.

– Во пресрет на Вимблдон, иако сум голем фан на Алкараз, ова е непочитување кон двајца носители кои се над него… Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер, како и женскиот тенис – напиша МекНами на мрежата Х.

Алкараз се најде на насловната страница на овој магазин поради големото интервју кое го даде, во кое Британците го опишаа како „Кралот Карлос, спасителот на тенисот кој се уште живее со својата мајка“.

Карлос Алкараз, кој во моментов е третиот светски тенисер сака да го повтори ланскиот успех, поточно да ја одбрани титулата осовена во финалето против Ѓоковиќ.

„Тука сум за да постигнам резултати како и минатата година. Посебно е чувството да се вратите на Вимблдон. Малку поубаво е кога доаѓате како бранител на титулата, но се обидувам да не размислувам премногу на тоа. Морам да бидам сконцентриран од првиот ден, на секој тренинг. Чувствувам како да немав повреда на раката, играм и тренирам најнормално. Одработевме одлично изминатиот период“, изјави Шпанецот.