Максен Бровил (25) во декември 2022 година јавно објави дека е геј и дека е во врска со друг француски тенисер Фабиен Ребул (28). Тие двајца на социјалните мрежи објавија фотографија на која се бакнуваат со која покажаа дека се во врска, а сега Бровил е суспендиран на седум години.
Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ITIA) потврди дека Бровил е суспендиран поради местење натпревари на седум години, а исто така ќе мора да плати 5.000 долари за одбивање да соработува со нивните власти за време на истрагата. Ова значи дека повеќе нема да игра тенис на професионално ниво.
Неговиот најдобар пласман во кариерата беше 708. место на АТП, а тој ги отфрли сите наводи за местење натпревари во 2017 и 2018 година. Рочиштето за тие обвиненија се одржа на 5 јануари годинава, на кое тој беше прогласен за виновен. Бродвил одбил секаков облик на соработка во текот на истрагата, исто така одбил да ги предаде своите електронски уреди како доказ и покрај тоа што добил писмено барање од ИТИА.
Неговата суспензија истекува на 19 јуни 2030 година, бидејќи времето што му беше забрането да игра тенис се смета од 20 јуни 2023 година. Во наредниот период му е забрането учество на кој било професионален турнир и како играч и како тренер.