Обука за единицата за заштита и спасување на Општина Карпош

330

Во рамки на Центарот за обука и едукација на Црвениот крст „Солферино“, во Струга, во моментов се одржува петдневната обука за безбедност на отворени води.

Едукативната обука е наменета за единаесеттемина вработени во локалната самоуправа, кои се дел од просторната единица за заштита и спасување при Општина Карпош.

-Професионалната обука ја спроведува инструкторот за безбедност на отворени води на Црвен крст, Дејан Јонузоски, кој воедно е и вработен во Општина Карпош. Спасувачкиот тим ќе се стекне со нови теоретски и практични знаења за спасување на отворени и затворени води, справување и евакуација на населението при евентуални природни непогоди како земјотрес, поплави и пожари – соопштија од Општина Карпош.

Меѓу другото, стручниот тим на Општина Карпош ќе се обучи и за делење на хуманитарна помош и пружање на неодложна прва медицинска помош.

Општина Карпош е првата локална самоуправа во Република Македонија, која располага со сопствена единица за заштита и спасување.