Канада моментално ја доживува најлошата сезона на пожари досега. Веќе изгореа најмалку 75.000.000 хектари низ целата земја, а сезоната на пожари што често ја зафаќа Канада допрва почнува.
Откако го прекриле источниот брег на Северна Америка, облаци чад од тој континент отпловиле преку Атлантикот кон Европа, а на почетокот на јуни чадот стигнал до Норвешка. Уште во понеделник, на 26 јуни, чад од шумските пожари во Канада може да се види низ западна Европа со помош на сателитски снимки, објави Британската метеоролошка служба.
Смогот патувал преку Атлантскиот Океан со брзина на млазен авион што го носат брзи воздушни струи низ атмосферата и стигнал до Норвешка и Велика Британија. Според прогнозите, до крајот на неделата чадот ќе остане во горната атмосфера над Европа, што засега е добро, но не долгорочно, пишува Euronews.
Earlier this morning, I reported on the city of #Montreal recording the worst air quality in the world on Sunday – as #smog from forest #fires raging in #Quebec continues to shroud large parts of the province. More below… #wildfires #canadawildfires #canada pic.twitter.com/vFlJVOVyge
— Ijeoma Ndukwe (@IjeomaNdukwe) June 26, 2023
Дали чадот од пожарите во Канада ќе влијае на квалитетот на воздухот во Европа?
Претходно овој месец, чад од шумски пожари го обви Њујорк во опасна портокалова магла. На жителите им беше препорачано да останат во затворени простории што е можно повеќе.
„Ова е штетно за здравјето на луѓето“, предупреди гувернерката на Њујорк, Кети Хочул.
Но, во Европа ефектите нема да бидат исти. Чадот нема да предизвика значително влошување на квалитетот на воздухот кај жителите бидејќи ќе остане во горниот дел од атмосферата. Тоа, сепак, може да доведе до некои чудни обоени глетки на нашето небо.
Иако чадот е високо во атмосферата, може да предизвика неколку шарени изгрејсонца и зајдисонца во текот на следните неколку дена“, твитна британската метеоролошка канцеларија.
Пожарите во Канада се најлошите досега забележани и се уште беснеат во неколку провинции.Според националниот извештај, на 26 јуни имало 27 нови пожари. Иако квалитетот на воздухот во Европа не е засегнат, многу области на Северна Америка се во опасни услови.