Обилни врнежи од снег во западна Македонија. Патниот правец Битола – Кичево не е исчистен, а сообраќајот се одвива отежнато.
Од 18.45ч поради врнежи од снег од превентивни причини се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража. Од 15.25ч. поради врнежи од снег и засилен северен ветер од превентивни причини се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата каде наместа на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.