Краткометражниот дипломски игран филм “Обид за среќна приказна” (An attempt for a happy story) на режисерката Лавинија Софрониевска, кој неодамна ја освои највисоката награда Grand Prix на Интернационалниот Студентски Филмски Фестивал New Wave во Софија, сега оди и на филмскиот фестивал во Пула.

Филмот е шармантна, необична и нелинеарна приказна за животот на две сестри, а во главните улоги се појавуваат Тамара Ристоска, Матеа Јанковска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Кристина Леловац.

Продуценти се Ивана Шекуткоска и Лазар Секуловски, директор на фотографија Дарио Секуловски, монтажер Мартин Иванов, а дизајнер на звук Сашко Мицевски.