Обид за кражба во зградата во Чаир во која изби пожар

22

Две лица се приведени поради обид за кражба во зградата во која изби пожар во Чаир, соопштија од МВР.

Според информациите, крадците се маскирале како пожарникари и успеале да влезат во некој од опожарените станови и украле злато и пари.

Пожарот во зградата беше изгаснат утрото околу 9:30 часот, по цели .

Во огнените јазици беа зафатени подрумските простории на објектот, а станарите беа евакуирани преку покривот на зградата со посебни скали на противпожарно возило. Поради вдишување чад, лекарска помош побараа 40-ина лица.