Обесштетувањето на Џеко е проблем

174

Раководните лица на Рома и Интер никако не можат да најдат заеднички јазик околу обесштетувањето на босанскиот интернационалец Един Џеко.

Искусниот напаѓач има договор со римската „волчица“ до 2020 година, но пред неколку месеци изјави дека сака да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Неофицијално, раководните лица на „нероазурите“ се подготвени да одвојат околу 10 мил. евра за неговото обесштетување, додека тие на Рома имаат побарано 20 мил. евра.