Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, успеа во намерата да ги осигура услугите на уругвајскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Мануел Угарте. За обештетувањето на одличниот играч за врска „црвените ѓаволи“ ќе одвојат 50 мил. евра, а популарните „светци“ можат да заработат дополнителни 10 мил. евра.