Францускиот гигант Олимпик од Марсеј излезе како победник во трката по потписот на контроверзниот француски фудбалер, Адриен Рабио. Искусниот играч за врска на крајот од минатата сезона си замина од редовите на Јувентус, но не пронајде нов клуб до крајот на летниот преоден рок. Тимот од „Велодром“ потврди дека Рабио веќе ставил потпис на понудениот 2-годишен договор, а негобата мајка го доби побараниот бонус од 10 мил. евра.