Обединетите нации ѝ порачаа на Русија: Ослободете уште стотици политички затвореници

84
Фото: EPA-EFE/MIKHAIL VOSKRESENSKIY/SPUTNIK/KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT EPA-EFE/MIKHAIL VOSKRESENSKIY/SPUTNIK/KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Експертите за човекови права на Обединетите нации бараат ослободување на уште неколку стотици политички затвореници по масовната размена на затвореници меѓу Русија, САД и другите западни земји, пренесува dpa.

Помеѓу 700 и 1.372 лица се уште се во притвор во Русија поради лажни или политички мотивирани обвиненија, се вели во заедничката изјава објавена во петокот од експерти од Советот за човекови права на ОН во Женева.

Групата го поздрави ослободувањето на 16 новинари, уметници, членови на опозицијата или активисти. За возврат, на Русија ѝ беа предадени 10 лица, меѓу кои и осуден убиец и шпиони.

„Руската влада мора веднаш и безусловно да ги ослободи сите преостанати политички затвореници“, повика групата на ОН за човекови права.