Обвинувањата не стивнуваат, овојпат против славната двојка: Бијонсе и Џеј Зи се полоши од Диди, тие се сатанисти и имале стотици жртви

574
Фото: EPA/JUSTIN LANE

Минатата недела, британскиот водител и новинар Пирс Морган беше домаќин на пејачот и текстописец Јагуар Рајт, кој со години ја предупредува индустријата за Пи Диди, во неговата емисија „Без цензура“.

Додека разговараше за децениското наводно недолично однесување на музичкиот магнат, Рајт „неочекувано упати неколку сериозни обвинувања за Џеј Зи и Бијонсе“.

„Видов што прават – ритуално однесување, употреба на дрога, ставање девојки во куфери и исфрлање на улица, тоа е ужасно, а се е направено под заштита, потпишани договори и исплата на голема сума пари“, вели Рајт како што пренесува „Латимес“.

„Веќе четири години велам, не е само Диди, тоа се Џеј Зи и Бијонсе. Џеј Зи е полош од Диди. Тие се извртена двојка, имаа стотици жртви“, пренесува „Deadline“.

Откако Пирс го контактираше Алекс Спиро, адвокатот на моќната двојка, видеото беше цензурирано и водителот упати јавно извинување до парот.

Сепак, останува интересниот факт дека Дејмон Деш, поранешниот музички партнер на Џеј Зи, рече дека „повеќето тврдења на Рајт се вистинити и дека Џеј Зи бил тесно поврзан со Џефри Епштајн“.