Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против вработените од Меѓуопштински центар за социјални работи

69

 

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли кривичната пријава против единаесет службени лица вработени во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Скопје за кривично дело „несовесно работење во службата“ и за „запуштање и малтретирање на дете“

Од обвинителството појаснуваат дека крвичното дело за кое што се товареа социјалните работници не се содржани законските обележја на кривичните дела Несовесно работење во службата и Запуштање и малтретирање на дете. “Пријавените со своето постапување не презеле какви било противправни дејствија со кои би се исполнило законското битие на кривичните дела., но постапиле спротивно Законот за социјална заштита во поглед на водењето евиденција на корисниците на правата од социјална заштита, но тоа не претставува кривично дело, туку прекршок ” се вели во соопштението.

Овој случај во јавноста беше познат по тоа што штитеничка од домот била продавана на возрасни лица заради секусални услуги,а кога забременила била принудена да абортира.

Зо случајот со штитеничката во февруари минатата година беше оформен предмет и во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а во јули беше поднесен Обвинителен акт против три лица за сторено кривично дело Трговија со дете .Предметот има и судска завршница – едно лице е осудено на казна затвор во траење од 13 години, а на другите две лица им е изречена казна затвор во траење од по 12 години. Незадоволен од висината на изречените казни, надлежниот обвинител вложи жалба до Апелациониот суд.