Обвинителството нема да го гони функционерот на ДУИ кој нападна полицајка

54

Функционерот на ДУИ, Бекир Асани, кој минатата година ја нападна полицајката Јасмина Јаначкова бидејќи таа со возило пајак се обидела да го крене неговото непрописно паркирано возило, нема да одговара. Обвинителството ја отфрлило пријавата бидејќи утврдило дека кривичното дело напад врз службено лице не може се гони по службена должност и ја затворило постапката против Асани.

Обвинителството од разгледувањето на доказниот материјал и сослушувањето на полицајката и пријавениот, како и тројца други сведоци на настанот не утврдило  дека имало физички контакт меѓу нив , за да може пртив Асани да поведе постапка.

Во постапката обвинителствотот утврдило дека Асани кон полицајката упатил само навреди и вулгарности со цел да ја омаловажи, па поради тоа против него е поведена само прекршочна постапка за нарушување на јавниот ред и мир и треба да плати глоба од 600 до 800 евра.

Според полицијата,инцидентот се случил околу 10 часот на крстосницата од булевар “Гоце Делчев” и улица “Филип Втори”. Тогаш специјално возило “пајак” се обидело да подигне непрописно паркиран џип “ленд ровер” со скопски регистарски ознаки.Асани не дозволувал да го подигнат џипот, па вербално ја нападнал полициската службеничка, која била на местото на настанот. Бидејќи тој агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот.