И актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, се вклучи во трката по потписот на капитенот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг.
Интернационалецот од Габон сигурно ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок доколку неговиот клуб повторно не обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампиони.
Брзоногиот напаѓач е желба и на челниците на Реал (М), Барселона и ПСЖ, а понудата за неговите услуги не смее да биде помала од 70 мил. фунти.